Преглед на вестите од светот
Најмалку 32 лица загинаа, а 84 се повредени – по руски ракетен напад врз центарот на украинскиот град Суми, објавија укрианските власти. Гувернерот на Суми изјави дека меѓу жртвите и повредените има и деца. Нападот се случил утрово, а погодени се стабени зггради и улица.
-Непријателот го погоди центарот на градот суми со два балистички проектила. Многу луѓе беа надвор на улицата. Ранетите сега добиваат помош, изјави Володимир Артиук, гувернер на Суми.
„Русија го погоди центарот на Суми кога жителите одеа во црква по повод празникот Цветници изјави шефот на укрианската држава. Само никаквец може да постапи вака. Убивање обични луѓе. Русија го сака токму овој вид терор и ја одолговлекува оваа војна. Без притисок врз агресорот, мирот е невозможен. Потребна е жестока реакција од САД,ЕУ и сите во светот кои сакаат крај на оваа војна и убиства “.напиша Зеленски на социланите мрежи.
Русија не го коментираше нападот. Информриаше за уркаински напади врз руската енеергеткста инфраструкура. Москва и Киев минатиот месец се договорија да направат пауза од нападите врз енергетските капацитети, но досега двете страни меѓусебно се обвинуваат за прекршување на договорот.
Во мегувреме американскиот претседател изјави дека наскоро ке објави повке информации како течат преговрите за ставање крај на војната во Украина.
-Мислам дека преговорите помеѓу украина и русија би можеле да се одвиваат во добра насока и многу брзо ќе дознаете повеќе за тоа. Доаѓа момент кога мора или да прифатите нешто или да замолчите. Ќе видиме што ќе се случи, но мислам дека сè се движи во добра насока“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Српскиот претседател Александар Вучиќ им се заблагодари на граѓаните кои вчера беа дел од народниот собир во белград кој го органзиираше тој. Со нивното присуство, граѓаните испартија порака дека сакаат да си ја зачуваат државата и да не дозволат некој да им ја уништи државата истакна Вучиќ утрово.
На собирот дојдоа поддржувачи на српскиот претседател и од Косово, Република Српска, Црна Гора и од Македонија. Во обраќањето Вучик испрати порака за важноста на спрското единство и го промвораше новото движење за народот и државата предводено од Српската напредна странка.
Собирот се смета за одговор на вучик на авитвиладинте протести кои со месеци ја тресат србија а кои почнаа по големата трагедија во Нови Сад, кога 16 луѓе загинаа по пад на нстрешницата на на железничката станица.
Хамас денеска повторно му понуди на Израл ослободување на израелските заложници во замена за прекин на војната во газа.
„Равенката е јасна: ослободување на затвореници во замена за крај на војната. Светот го прифаќа, но Нетанјаху го отфрла. Секој ден одложување значи повеќе убиства на беспомошни цивили меѓу нашиот народ и непозната судбина на окупаторските затвореници“, пишува во соопштението на палестинската милитантна група.
Израел ги продолжи нападите врз газа на 18 март, по речиси двомесечен прекин на огнот, оттогаш, најмалку 1.391 лице се убиени во Газа.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар