Трамп: Преговорите за запирање на војната меѓу Русија и Украина „одат добро“

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека преговорите за примирје меѓу Русија и Украина „одат добро“, но нагласи дека решението мора да дојде наскоро.
Доаѓа момент кога или треба да покажеш што можеш или да замолчиш. Ќе видиме што ќе се случи, но мислам дека работите одат добро, изјави Трамп пред новинарите во претседателскиот авион Ер Форс Уан.
Коментарите на Трамп следуваа по состанокот на високо ниво во Русија, каде што неговиот пратеник Стив Виткоф се сретна со рускиот претседател Владимир Путин на 11 април. Посетата беше дел од тековните напори на администрацијата на Трамп да посредува за примирје меѓу двете земји. Според руската агенција ТАССсредбата траела четири часа.
Мислам дека преговорите меѓу Украина и Русија веројатно се одвиваат во ред. И наскоро ќе дознаете повеќе, рече Трамп.
Пред еден месец, Украина се согласи на целосно 30-дневно примирје во преговорите посредувани од САД во Џеда. Во меѓувреме, Русија не само што одби целосно примирје, туку и продолжи да ги напаѓа украинските градови и повеќекратно го прекрши делумниот прекин на огнот воспоставен во средината на март.
Некои критичари велат дека Москва одолговлекува и нема вистински интерес да го запре војувањето, особено додека продолжува да напредува на бојното поле. Кремљ јавно не се обврза на условите што ги прифати Украина. Сепак и Москва ја обвинува Украина за напади на нејзината енергетска инфраструктура.
Ново на Сител
-

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна
-

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, сите патни правци се проодни
-

Сакам да кажам со Горан Михајловски | Неформално | Sitel Podcast 134
-

Двајца мажи пронајдени мртви во викендица
-

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
-

Почина жената што беше прегазена утрово кај ТЦ Беверли Хилс
-

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
-

Препознатливиот навивачки „брк“ Ристо Шиц ќе патува со Фалангата во Данска на ЕП
