Најмалку 44 загинати и над 160 повредени при уривање на покрив на ноќен клуб во Доминиканската Република

Најмалку 44 лица загинаа, а повеќе од 160 се повредени при уривање на покривот на ноќен клуб во главниот град на Доминиканската Република.
Според локалните власти, за време на несреќата во клубот имало многу политичари и спортисти.
Директорот на Центарот за итни интервенции, Хуан Мануел Мендес, изјави дека 12 часа по инцидентот спасувачките екипи сè уште извлекуваат преживеани од под урнатините и вети дека нема да запрат сè додека не бидат сигурни дека сите се извлечени.
- Потврдена е смртта на 44 лица, рече Мендес попладнево. Властите претходно соопштија дека бројот на повредени е најмалку 160.
Меѓу жртвите е и гувернерката на северозападната провинција Монте Кристи, Нелси Круз, како и сестрата на седумкратниот учесник на Ол-стар тимот на МЛБ, бејзбол-ѕвездата Нелсон Круз. Според изјавата на првата дама Ракел Абрахе, Крузсе јавила на претседателот Луис Абинадер во 00:49 часот по полноќ и му рекла дека покривот се урнал и дека таа е затрупана. Таа подоцна починала во болница, соопштија властите.
Ново на Сител
-

Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија
-

Приведен 44-годишен маж од Прилеп поради „тешка кражба“ во манастир во Неготино
-

Традиционален предновогодишен концерт на Воениот оркестар
-

Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието
-

Најстудено во Скопје, Битола и Берово, измерени - 6 степени
-

СДСМ денеска го бира новото раководство
-

Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП
-

ДЗР одбележува 26 години работа како независна ревизорска институција
