Во Велес одржани второ коло од Европскиот куп во кајак на диви води и класик трката од Југоисточна Европска лига
На реката Вардар во Градскиот парк во Велес викендот се одржаа класик трката од Југоисточна Европска лига и второто коло од Европскиот куп во кајак на диви води.
Во класик трката од Југоисточна Европска лига во најсилната категорија – К1 сениори, златото го освои Љубомир Спасиќ од Македонија од ККК„Арка-Борец“ Велес, пред Невен Клеут од Србија и Јосип Слошњак од Хрватска.
Кај јуниорите прв беше Благој Гугинов (МКД) исто така од ККК „Арка-Борец“, а пред Илија Клеут и Лука Чолиќ (двајцата од Србија).
Во Ц1 сениори триумфираше Јанко Пресечки (ХРВ), а во Ц2 категоријата, златниот медал отиде кај македонскиот пар Александар Златаров и Благој Гугинов од ККК „Арка-Борец“ од Велес.
Кај жените, Јелена Кнежевиќ (СРБ) победи во сениорска К1, додека кај јуниорките најбрза беше Уна Лукиќ (СРБ).
Младите таленти покажаа одлични перформанси, особено Лука Велковски (МКД) и Тамара Драшковиќ (СРБ) во категориите У12 и У14.
Помеѓу ветераните, се истакнаа Милутин Лукиќ и Илија Младеновски, а во клупска конкуренција најуспешен беше Кајак Кану Клубот „Арка-Борец“ од Велес, пред клубовите од Србија – КК „Дрина“ и КК „Чачак“.
Во спринт трката од Европскиот куп К1 сениори победи Невен Клеут (СРБ), пред Љубомир Спасиќ (МКД), третото место го поделија Јосип Слошњак и Александар Златаров од Македонија.
Во јуниорската К1 категорија, победата му припадна на Илија Клеут, додека кај Ц1 сениорите најдобар беше Павле Здравковиќ. Во Ц2 категоријата доминираа Јанко Пресечки и Јосип Слошњак.
Меѓу жените, Ксенија Плазиниќ (СРБ) беше најбрза кај сениорките, а Уна Лукиќ повторно доминираше кај јуниорките.
Младите натпреварувачи Андреј Апостолов и Тамара Драшковиќ се издвоија со златни медали во У14 категориите, а кај најмладите (У12), Павле Лукиќ беше најдобар.
Ново на Сител
-
Утре без струја дел од Аеродром и Карпош, без вода дел од општините Центар и Кисела Вода
-
Трамп се закани со дополнителни царини за Кина ако таа не ги повлече најавените возвратни мерки против САД
-
Прва психолошка помош со Васка Митова, специјалист психијатар од клиниката за психијатрија
-
Ѓорчевски: Во моментот кога го одземаа животот на Вања, го одземаа и мојот
-
Кривична за скопјанец кој го тепал својот син и сакал да го исфрли од нивниот дом
-
Две лица од кривопаланечко го убиле својот сосед, го запалиле телото и ги закопале остатоците
-
Од 3,5 на 2 години намалена казната затвор за Пајазити за прегазувањето на 22-годишната Теодора
-
Таткото на Вања: Полицајци ме правеа ретардиран, ме убедуваа се регрутирала во ИСИС заминала за Шведска