Студентите во Ниш ќе собираат утре парични средства за семејствата на повредените во пожарот во Кочани
Студентите во Ниш ќе собираат утре парични донации за помош за семејствата на повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, јави МИА.
Студентите првично ќе им доделат медали на оние кои пешачеле или возеле велосипед до Белград на протестите, потоа ќе организираат изложба по повод 100-те дена од блокадата и во исто време - ќе собираат пари за помош на семејствата на повредените во пожарот во Северна Македонија.
Според неформалната група студенти во Ниш, најпрвин ќе им оддадат почит на жртвите во Нови Сад со 15-минутно молчење од 11:52 до 12:07 часот.
При посетата на изложбата, студентите напоменуваат дека тогаш ќе собираат парична помош за семејствата на повредените во пожарот во Кочани, а ќе биде поставена и кутија за донации. Тие упатија повик до сите граѓани кои ќе дојдат да донираат барем симболична сума која ќе биде проследена до семејствата на повредените во пожарот во Кочани.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ќе направиме сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани
-
УЕФА истражува четворица играчи на Реал Мадрид
-
Најмалку шест луѓе загинаа при потонување на туристичка подморница во близина на Хургада
-
Во текот на ноќта се очекуваат пообилни и интензивни врнежи од дожд на целата територија на земјата
-
Зеленски по самитот во Париз: Русија не сака мир, туку уште територија
-
Макрон: Не може да има укинување на санкциите за Русија пред да се воспостави мир во Украина
-
Синдикатот на УПОЗ со поддршка на ранетата службеничка и на вработените во ЦСР-Прилеп, најавеното обезбедување што побрзо да се реализира
-
Стартува новата авиолинија од Истанбул до Охрид