Снуп Дог уапсен во Шведска под обвинение за дрога
Полицијата во Шведска го уапси познатиот рапер Снуп Дог во саботата под обвинение за дрога. Сепак, раперот бил пуштен на слобода по анализите на урината.
- Сообраќајната полиција го уапси Снуп Дог по рутинска контрола, под сомнение дека возел под дејство на дрога. Беше уапсен и одведен во полициската станица, рече потпаролот за „Гардијан“.
Сето ова го погоди раперот кој во притвор сними и неколку видеа каде објаснува дека е уапсен без причина и дека се работи за случај за расно профилирање.
- Жал ми е за тоа, но никогаш нема да се вратам во вашата земја, рече луто Снуп и објасни во следното видео:
- Ме доведоа тука, ме натераа да уринирам во чаша, не пронајдоа ништо. Но подобро е да ве претресат и да не најдат ништо, отколку кога воопшто не ве претресуваат. Видеото го завршува со псовка.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст