Македонија
23. January 2025 - 12:29
Грчкото МНР му одговори на Мицкоски - Македонското прашање е решено и дефинитивно
Македонското прашање е решено и дефинитивно. Официјална Атина реагира на вчерашните изјави на премиерот Мицкоски кој од Њу Џерси ја повика дијаспората на заедничка борба за македонското прашање кое констатираше дека со векови не е решено
„Обидот да се врати на преден план прашањето што е решено, како што е познато, дефинитивно и неотповикливо претставува предизвик за Грција.
Грција потсетува дека понатамошниот напредок во нејзините билатерални односи со С.Македонија и непреченото продолжување на европскиот пат на нејзиниот сосед бара целосно почитување на Договорот од Преспа и, се разбира, воздржување од иредентистички декларации и претензии кон соседните земји, порачаа од официјалната грчка дипломатија.“ – стои во краткото соопштение објавено на веб сајтот на грчкото МНР.
Премиерот вчера во Њу Џерси ја повика дијаспората да се бори за Македонија
Од Владата денеска велат дека немаат што да дополнат на она што вчера го кажал премиерот. Тој пак, со средбата со дијаспората ја заокружи својата работна посета на САД. Претходно заедно со владина делегација присуствуваше инаугуративните активности на американскиот претседател Трамп при што оствари серија средби со луѓе кои важат за блиски до новата американска администрација.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->