Седница на ЦУК за координација на системот за управување со кризи
Во просториите на Центарот за управување со кризи денеска ќе се одржи седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, во проширен состав.
На седницата ќе бидат разгледани согледаните слабости на системите за управување со кризи, за заштита и спасување и за противпожарна заштита, како и предлозите за нивно надминување.
Со седницата, како што е најавено, ќе раководи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, а ќе присуствуваат и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и раководителот на Групата за процена на ризици и опасности и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов. Овој настан е пред својот крај, детали ќе имаме во следното информативно издание.