Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите кои протестираат
Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија денеска со јавно писмо ги поддржаа студентите во нивните протести и барања, а списокот на потписници постојано се дополнува.
„Почитувани граѓани и граѓанки на Србија, ние, наставниците, соработниците и истражувачите на универзитетите низ Србија, одлучно стоиме со нашите студенти во заедничката борба за подобро општество“, велат универзитетските професори во Србија.
Тие ги осудија обидите на власта да ги заплаши колешките и колегите студентки и студенти преку јавно споделување на нивните приватни податоци, со ширење невистини за нив, како и со испраќање полицајци и агенти на Безбедносно-информативната агенција на нивната и на адресата на нивните родители.
„Повторно апелираме до надлежните органи совесно и одговорно да си ја вршат работата“, порачаа професорите.
Студентите пред повеќе од еден месец почнаа да блокираат повеќе од 60 факултети низ Србија, како и две универзитетски централи. Тие бараат објавување на комплетната документација поврзана со урнувањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, што се случи на 1 ноември, при што загинаа 15 лица, отфрлање на кривичните пријави против студентите и активистите уапсени на протестите, како и прекинување на постапката.
Српската влада ги осудува протестите и блокадите што повеќе од еден месец се одржуваат во градовите низ државата.
Ново на Сител
-
Клиника за радиологија и онкологија: На располагање сме за регистер во форма неопходна за ФЗО
-
60-годишник прегазил малолетничка во Скопско Поле
-
54-годишен наставник натепал ученик во село Џепчиште
-
Сведокот во бегство за убиството на Вања сам се предаде во полиција
-
Во штипскиот Основен суд закажано судењето за убиството врз 29 годишната Емилија Прошева
-
Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 3 лица
-
52-годишна кавадарчанка пронајдена почината со повреди на телото
-
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време