Пазарните инспектори на терен, Владата најавува можност за ограничување на маржите
Ограничување на маржите и цените на прехранбените производи, кои не се дел од Новогодишната кошничка, најавува Владата доколку трговците не покажат општествена одговорност и не ги намалат цените. Пазарните инспектори, според изјавите на надлежните, се на терен и за два до три дена ќе завршат нивните анализи по што ќе се знае дали ќе се донесат поригорозни мерки.
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вчера ги повика трговците да ги коригираат цените на најосновните производи во овој период и најави дека доколку не го сторат тоа, Владата пред Нова година ќе донесе одлука за воведување поригорозни мерки.
- Не може тоа што на нив им беше дадено како право и можност за едни производи, сега да го надоместуваат со драматично зголемување на цените на некои други производи кои што ги користат граѓаните како што е маслото, лебот, млекото, млечни производи, шеќер, сол, кафе, јајца и слично. Апелирам до големите трговски синџири да си го преиспитаат однесувањето во спротивно ќе ги искористам сите механизми кои ги имаме и ќе донесеме одлука со цел да го заштитиме стандардот на граѓаните, изјави Дурмиши.
И премиерот Христијан Мицкоски, вчера и завчера, повтори дека не е во ред трговците да си играат со трпението на граѓаните и во период пред празници да ги зголемуваат цените на основните прехранбени производи коишто не се дел од новогодишната кошничка.
- Тоа што тие мислеа дека ќе не надмудрат на овој начин и си играат со трпението на граѓаните и на Владата мислам дека не е добро и треба да си го преиспитаат однесувањето. Ова не е коректно однесување, посебно пред празници на ваков начин не треба да се прават големи профити. Затоа што граѓаните очекуваат од нивна страна разбирање и во најмала мерка да биде така како што било, а не наеднаш да се зголемуваат цените на одредени продукти. На одредени продукти за 25 проценти се зголемени цените на производите. Тоа не е етичко однесување, туку би рекол нечовечно однесување, рече вчера Мицкоски во изјава за медиумите.
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна