Во студентскиот дом „Пелагонија“ решен проблемот со топла вода, се санираат и лифтовите
Во студентскиот дом Пелагонија има доволно топла вода за потребите на студентите, иако не во секое време, изјави претседателот на Универзитетското студентско собрание на УКИМ Александар Николоски, соопштувајќи дека проблемот со дотурот на топла вода е саниран со сервисирање на пумпа.
- Состојбата е многу подобрена откако е направено она што требаше во текот на летото кога претходниот директор имаше мандат - да се санира една цевка којашто ќе носи доволно дотур на вода до собите. Генерално, во овој момент нема во секое време топла вода, но има топла вода доволно за потребите на студентите, изјави Николоски.
Одговарајќи на новинарски прашања на настан на кој беше промовиранa иницијатива за субвенциониран меѓуградски превоз за редовни студенти, Николоски посочи дека се решава и проблемот со лифтовите во студентскиот дом „Пелагонија“.
- Лифтовите се санираат, во процес е едниот лифт. Функционални се два и во јануари и третиот треба да биде саниран, додаде Николоски.
Ново на Сител
-
Привремена забрана за дронови во Њу Џерси од безбедносни причини
-
Автобус и две возила удриле во крави на автопатот Скопје - Тетово
-
Сообраќајна незгода на патот Скопје - Тетово, пренасочен сообраќај
-
Мицкоски: Со тоа што Груби е бегалец само потврдува дека е виновен
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Ресен - Битола и Струга - Охрид
-
Тошковски: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран
-
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
-
Нови 118 случаи на грип во државава