Депонијата Буково полна со отровен отпад
20 проценти од населението во Македонија умира поради аерозагадување од кои над 130 лица во Охрид според последниот извештај од ЕУ. Граѓаните се гушат а надлежните никако да го решат проблемот со депониите.
Депонијата Буково постојано гори и го загадува целиот регион.
Иако обезбедени се 34 милиони евра за изградба на регионалната депонија во Новаци , општините од југозападниот регион делуваат незаинтересирани освен Охрид, останатите седумнаесет дури сега преземаат активности за изработка на проекти за затворање на дивите депонии.
Буково треба да биде затворена во моментот кога регионалната депонија ќе започне со работа, а планот е тоа да биде 2027 година.
Депонијата во Буково полна со секаков отровен отпад постои над 50 години и истата ги има пробиено сите зададени рокови за употреба.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар