Триесетдневен притвор за терористичката група од Струга и Гостивар која планирала терористички напади
Триесетдневен притвор добија лицата кои вчера беа уапсени на територијата на Струга и Гостивар под сомнение за планирање терористички активности, дознава ТВ21.
Според информациите од истрагата, апсењето следело по наредба на надлежен јавен обвинител, а полицијата спровела претреси на неколку локации. Осомничените, наводно, планирале активности кои претставуваат сериозна закана за безбедноста на Македонија, како и за други држави.
Синоќа и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека „станува збор за терористички организации, четири лица кои се лишени од слобода“.
- Станува збор за терористички организации, четири лица кои се лишени од слобода. Тие, во соработка со лица кои не се на територијата на Македонија, подолг временски период се следат од страна на надлежните безбедносни органи и во соработка со меѓународните пријатели е координирано постапено. Имаме доста докази во насока на поткрепено основано сомнение дека овие лица постапувале во насока да организираат во иднина одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на други држави. Нивната цел била да индоктринираат останати луѓе од Балканот кои би можеле да делуваат соодветно во насока на реализација на нивните цели, рече Тошковски
Ново на Сител
-
Пронајдена почината британка на улица во Скопје
-
Под истрага 18 членови на „Беланоца – Барон“
-
Претседателката Сиљановска Давкова го прими специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич
-
ДСЗИ со вонреден инспекциски надзор за починатото седуммесечно бебе
-
Тошковски: Кривична пријава за поранешниот премиер и вицепремиер
-
Седуммечесно бебе почина на Детската клиника
-
Финансиски соработник во СОЗР осомничен за злоупотреба на службената положба, 23 други лица осомничени за прикривање
-
Сијарто: На Украина и треба примирје, а не дополнително вооружување