Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
Со испитување на сведоци на предлог на обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
На почетокот од денешното рочиште, јавната обвинителка Жаклина Трајковска, извести дека предложениот сведок Гоце Трајковски нема да сведочи бидејќи не успеале да го обезбедат.
-Во однос на сведокот Гоце Трајковски. При известувањето од МВР, бевме информирани дека тој не претстојува на неговата адреса и не е достапен на органите на прогон, рече обвинителката.
Бранителот на таткото на Вања Ѓорчевска, адвокат Владимир Туфегџиќ, побара исказот на Трајковски од обвинителството да биде прочитан како доказ, на што судијата одговори дека ќе се потруди да го обезбеди сведокот да сведочи.
-Судењето сѐ уште трае, ќе се обидам да го обезбедам сведокот да сведочи, рече судијата Ивица Стефановски.
На изминатите рочишта сведочеа семесјтвата на убиените како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“.
На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.
Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.
Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.
Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.
Ново на Сител
-
Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV
-
Прв говор на папата Лав Четрнаести: Бог нè сака сите, безусловно
-
Девизните резерви на крајот на април 4,77 милијарди евра
-
Македонските ракометари ја совладаа Естонија во евроквалификациите
-
Американецот Роберт Превост е новиот папа, со избрано име Лав 14
-
Кардиналот Ре се надева дека вечерва ќе биде избран новиот папа
-
Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара
-
Кривична против 39-годишник, ја следел неговата поранешна партнерка и упатувал закани преку пораки