Пропадна тендерот за пругата кон Бугарија, приоритет ќе биде Коридор 10
Пропадна тендерот за изградба на пругата кон Бугарија, приоритет ќе биде железницата на Коридор 10. Третата фаза на делницата од Крива Паланка до Деве Баир во ваква форма е неизводливо да се реазлизира, истакна министерот за транспорт за 360 степени. Ќе се бара друг начин за поврзување со Софија. Но затоа брзото поврзување на Скопје со Будимпешта и со грчките пристаништа, мора што поскоро да стане реалност. Поддршка за овој проект Николовски побара од својот унгарски колега, Јанош Лазар.
Го фаќаме последен чекор Македонија да се приклучи на напредните технолошки достигнувања во железницата во регионот и затоа овој проект е приоритетен, не само за нас туку за сите земји долж Коридор 10 – истакна Николоски на средбата со својот унгаррски колега Лазар. .
Придобивките од брзо поврзување се евроспките држави се големи. Економската соработка ќе зајакне, тарснпортот на стоки и услуги ќе биде сигурен и брз. Сепак, реализацијата на пругата до бугарската страна ќе почека подобро времиња. Николовски ќе побара по изборите во Бугарија да седнат и да се договорат дали оваа линија за поврзување е најдобра. Од Европската Унија пак велат дека со денешната технологија се е возоможно
„Навистина, теренот на оваа трета фаза е изискувачки, сложен, но тоа не е нешто што не може да се надмине со денешната технологија. Но, секако е поизискувачки од другите делници. Имајќи ја предвид европската димензија, ЕУ ги финансира сите делови. Го финансира делот на запад, кон Албанија, кој е во фаза на планирање, но, исто така, и на страната на Бугарија која како земја членка, има поинаква финансиска конструкција. Таму, проценката ни е дека последните делници на бугарска страна кои се опфатени со Директоратот на ЕК за регионална политика преку структурни фондови, се помалку предизвикувачки и би можеле да бидат завршени значително порано од 2030 година“
Инаку првата фаза на железницата од Куманово до Бељаковце е речиси завршена, втората – од Бељаковце до Крива Паланка е едвај 20 %, а за третата од Крива Паланка до Деве Баир се пријавија 6 турски и една грчка фирма, но според Николовски, ниту една понуда не била сериозна.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар