Loading Video...
Македонија
25. September 2024 - 21:15

Бугарија мора да одговори до 16.12 кога ќе го смени Уставот за да ги признае Македонците

Советот на Европа и даде рок на Бугарија до 16-ти декември да одговори зошто не ги спроведува одлуките на Судот за човекови права во Стразбур кои се однесуваат на македонското малцинство, но и да каже што ќе преземе за да се смени бугарскиот Устав, за да се гарантираат правата.

Македонците во Бугарија очекуваат бугарската држава конечно да се вразуми и да им ги даде нивните човекови права, а со тоа и да ги почитува насоките на Советот на Европа.

По насоките на Комитетот, Бугарија веќе формирала Работна група која дала насоки до институциите што треба да се направи за да се смени бугарскиот устав и да биле признато македфонското малцинство, објаснува правниот застпаник на Македонците од Бугарија, Тони Менкиновски.

Дека бугарскиот устав мора да биде сменет порачал и комесарот за човекови права уште во 2011-та.                                   

Во последниот извештај од мониторингот врз Бугарија кој беше објавен месецов, Советот на Европа сериозно забележува дека и покрај дадените насоки, институциите во Софија одбиваат регистрација на македонски здруженија.

–  Изрази жалење што, и покрај мерките усвоени од властите помеѓу 2018 и 2024 година, усвојувањето на Привремената резолуција и последователните одлуки, повеќе од 18 години по првата правосилна пресуда во оваа група, здруженијата кои имаат за цел „да го постигнат признавање на македонското малцинство“ и понатаму рутински им се одбива регистрацијата главно поради поширокиот проблем на неодобрување на нивните цели, се вели во извештајот на Комитетот.

Комитетот одлучил дека мониторингот на сите овие случаи продолжува се до нивниот следен состанок во март идната година.

Бугарија предничи во бројот на пресуди донесени од Судот во Стразбур кои чекаат на имплементација, односно вкупно 89. А веќе 18 години одбива да ги имплементира и оние кои се однесуваат на македонското малцинство кое го негира.