Балкан
8. March 2016 - 16:08

Едно лице убиено, друго рането во артилериски напад во јужна Турција

Едно лице загина, а друго е повредено денеска во јужна Турција при артилериски напад од територија на Сирија. 

- Две гранати паднале во ненаселен регион, но третата погодила станбен кварт во градот Килис, изјави градоначалникот Хасан Кара.

Според турската телевизија НТВ реонот од каде е гранатирано е под контрола на Исламска држава. Гранатата паднала во близина на гимназија во Килис.