Македонски автобус учествувал во несреќа во Италија: Возачот загинал, 12 туристи се повредени
Сообраќајната несреќа на македонскиот туристички автобус, во која загина 59-годишен возач, се случила денеска околу 9.30 часот во тунел на делница од автопатот А14 во регионот Марке во Италија.
Како што пренесе италијанската новинска агенција АНСА, несреќата во тунелот Винчи (Купра Маритима) се случила помеѓу три товарни возила – автобусот и два камиона, а од сударот избувнал пожар од еден камион што пренесувал алкохол.
За несреќата вечерва соопшти Министерството за надворешни работи кое било известено од нашата Амбасада во Рим дека меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона се случила сообраќајна несреќа во која учествувал автобус на туристичка агенција од Северна Македонија во која „на самото место починал возачот на автобусот - Р. И. (1965) додека полесно повредени се 12 патници, исто така наши државјани“.
Италијански медиуми објавуваат дека повредените патници биле пренесени во болници. Пожарникарите интервенирале и го изгаснале пожарот, а автопатот бил затворен за сообраќај и повторно отворен во 15.30 часот.
Ново на Сител
-
Кривична за шест вработени во ЈП „Национални Шуми“, го оштетиле буџетот на претпријатието за 170.000 евра
-
Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага
-
Путин: Подготвен сум да се сретнам со Зеленски
-
Од 2026 три нови дестинации, до Неапол, Вроцлав и Милано, а се враќаат Будимпешта и Катовице
-
Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола- Прилеп | ВИДЕО
-
Паркови и зеленило со предупредување: Не паркирајте под дрвја, најавено е невреме
-
МНР на БиХ денеска му го поништи дипломатскиот пасош на Додик
-
Пожар во барака на ЦУК во Куманово