Мицкоски: Силјановска-Давкова ќе биде поддржана со потписи од пратениците и од граѓаните

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова пред Државната изборна комисија ќе биде предложена со потписи од пратениците, но и со потписи од граѓаните, најави лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
За време на денешниот престој во Битола, Мицкоски ги повика битолчани на 3 март масовно да се вклучат во поддршката со потписи за Силјановска-Давкова.
- Следната сабота ќе имаме конвенција за избор, јас би рекол, на идниот претседател на Македонија, а тоа е професорката Гордана Силјановска Давкова. Бидејќи законскиот услов е кандидатурата да се поднесе на два начина, односно собирање граѓански потписи или со доставување предлог со потписи од пратеници, којшто ние го исполнуваме, јас сакам, бидејќи сега гледам некои собираат потписи од опозицијата на опозицијата и да глумат опозиција на опозицијата за што ќе добијат потписи од СДСМ и ДУИ, да ги замолам битолчани на 3 март, следната недела заеднички да собереме рекорден број потписи за идниот претседател Гордана Силјановска Давкова. Поддршката со потписи на пратениците, заедно со потписите од граѓаните ќе ги приложиме во Државната изборна комисија за идниот претседател на Македонија, а тоа е професорката Гордана Силјановска Давкова, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
