Ракомет
8. January 2024 - 12:22

Ракометарите пристигнаа во Германија

Ракометната репрезентација на Македонија денеска пристигна во Германија каде ќе учествува на Европското првенство.

Ова за Македонија е осмо учество на самитот на најдобрите европски репрезентации.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров, се во силна група со олимпискиот првак Франција, домаќинот Германија и селекцијата на Швајцарија.

Македонија првиот натпревар го игра во среда од 18 часот на стадионот во Диселдорф против Франција. Селекторот Лазаров пред поаѓање најави жестока борба.