-->
-->
Зеленски ги поздрави новите санкции на ЕУ против Русија
-->
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги поздрави новите санкции воведени од Европската унија кон Русија вчера.
- Дванаесеттиот пакет казнени мерки „навистина ќе ја намали“ економската основа на руската војна против Украина, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање.
ЕУ соопшти дека санкциите ја забрануваат трговијата со руски дијаманти, дополнително го ограничуваат рускиот извоз и увоз и ги зајакнуваат контролите за да се спречи заобиколување на веќе воведените санкции.
„Ќе продолжиме да работиме со нашите партнери за да обезбедиме санкциите воведени од Европа да функционираат на глобално ниво“, додаде украинскиот претседател.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Определен притвор за четворица осомничени за пукањето во Тетово
-
Бела куќа: Трамп и Путин ќе имаат состанок в петок во Енкориџ
-
Свечена седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор
-
Ангелов: Борбата со пожарот во ловиштето Јасен продолжува, успешно изгасната една линија, теренот останува критичен
-
Го живеам мојот сон, сакам да ме паметат по дела | Орце Ѓоргиевски | Неформално | Sitel Podcast 108
-
ЦУК: Активни пожари во Јасен, Свиларе, Радуша и уште четири локации
-
Студентската листа е 99 отсто завршена, во неа нема опозиција ниту влада, тврдат српските студенти во блокада
-
Израел тврди дека нема масовна глад во Газа