Масовно убиство во рудник во Перу
Девет лица загинаа, а 15 се повредени кога напаѓачи со експлозив упаднале во рудникот Подероса во Перу и земаа заложници, соопшти синоќа Министерството за внатрешни работи на Перу.
Во соопштението се наведува дека полицијата „ја презеде контролата врз ситуацијата“, оти се уапсени седум лица и одземено е оружје, додека на специјалците им е наредено да влезат во областа за поддршка на локалната полиција.
– Напаѓачите влегле во окното на рудникот користејќи експлозив, насилно се однесувале со персоналот за обезбедување на рудникот и зеле четири лица како заложници, соопшти Министерството.
Нападот се случи една година по импичментот и апсењето на поранешниот претседател на Перу, левичарот Педро Кастиљо, што предизвика повеќемесечни насилни, смртоносни протести во многуте рудници во оваа латиноамериканска земја. Перу е втор по големина светски производител на бакар и значаен производител на сребро и злато
Ново на Сител
-
Младите македонски фудбалери поразени од Италија со 1:0
-
ЦУК: За гасење на пожарот во „Дрисла“ не може да дејствува ер-трактор поради опасност од дополнително разгорување
-
Вучиќ: Згрешив што ги нареков европратениците олош - мислам многу полошо за нив
-
Трамп му дал зелено светло на Израел за напад врз раководството на Хамас во Катар
-
Ангелов: Постојат сомнежи дека пожарот во „Дрисла“ е предизвикан намерно
-
Пожар во депонијата „Дрисла“, Ангелов вели дека не е алармантен
-
„СИЛЈАН” во режија на Тамара Котевска е годинашниот македонски кандидат за „Оскар”
-
Повторно одложен судскиот процес за родилката од Дебар, одбраната на првообвинетиот бара изземање на судијата