Македонија
16. November 2023 - 12:23

Детското одделение во Струмица опремено со два монитори за интензивна нега

Фондацијата „Елеуса“ донираше медицинска опрема за детското одделение во болницата во Струмица. Донацијата e вредна 180 000 денари, а се состои од два монитори за интензивна нега за следење на пациентите на одделението. Средствата се обезбедени од  хуманитарната изложба „Во мир и тишина - фотографски записи на еден монах“ позади која како автор се потпишува отец Гаврил игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, при австралиско-сиднејската православна епархија.

Директорката на струмичката болница вели дека се работи за многу значајна опрема која ќе го олесни следењето на состојбата на најмладите пациенти.

Мониторите се мобилни и може да се врши и транспорт на пациентите без потреба од електрично напојување. Од фондацијата Елеуса најавуваат дека оваа донација е само почеток на соработката со струмичката болница бидејќи здравствениот сектор е предизвик за сите и секој треба да помага во рамки на сопствените можности.