Рокот за исплата на откупеното грозје се скратува за три месеци

Винариите и сите откупувачи на вино ќе треба откупеното грозје од наредната реколта да го исплатат до 31 јануари, а не како досега до 30 април.
Ова е една од измените во Законот за вино што Собранието на Република Македонија го донесе во рамки на пакетот закони од областа на земјоделството.
Измените, како што денеска на прес-конфереција истакна заменик-министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски, произлегле од средбите со лозарите и се направени на нивно барање.
- Винариите мора да го прифатат фактот дека оние кои сакаат да се занимаваат со производство на вино мора да го почитуваат трудот на лозарите. Има околу 20 илјади лозаропроизводители и нивниот труд и мака мора да се цени. Како Министерство сме должни да го регулираме тоа со закон, рече Костадиновски.
Доколку долгот не биде исплатен во законски утврдениот рок, тогаш винаријата е должна надоместокот од 10 проценти од долгот да го исплати, а ако не, ќе биде избришана од Регистарот и нема да може да врши откуп на грозје.
Исплатата на грозјето од минатата реколта се уште е во тек, а досега се исплатени околу 60 проценти од откупеното грозје.
Дел од пакетот измени усвоени на собраниската седница во вторникот е и намалувањето на административните процедури во корист на земјоделците, односно прибавувањето на потребните документи по службена должност ќе ги врши ресорното Министерство и надлежните иснтитуции.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница и три нови кружни текови
-

Октомври бил постуден и со повеќе врнежи од вообичаеното
-

Орбан: Унгарија нема да го спроведе миграцискиот пакт на ЕУ, нема да прифаќа мигранти
-

МВР во петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров
-

Словенија: Илегалниот отпад е бизнис вреден милиони евра, полицијата формира посебен оддел за еколошки криминал
-

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита
-

Тројца загинати и 55 спасени мигранти во близина на грчкиот остров Гавдос
-

Конференција „Западен Балкан 2030“: Дигитализацијата е клучот за соработка во регионот и за нејзината одржливост
