Нова противпожарна опрема во струмичкиот регион
Регионалниот центар за управување со кризи во Струмица доби специјализирано возило со кое во иднина ќе може многу полесно и побрзо да ги детектира шумските пожари и да ја следи нивната состојба. Возилото кое е набавено преку ИИНТЕРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција е опремено и со технолошка опрема неопходна за ноќни операции.
Проектот за рано откривање на пожари и нивно движење за превенција и справување со катастрофи се реализира во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион кој во изминатите неколку години реализираше повеќе проекти за превенцијата и ефикасност во гаснењето пожари.
Во рамки на истиот проект, преку Центарот за Развој на ЈИ регион се обезбедени уште четири специјализирани возила за противпожарните единици во Струмица, Валандово, Радовиш и Гевгелија.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар