-->
-->
Состојбата со мигрантите на Табановце е стабилна
-->

Полицијата денеска открила 22 мигранти во затворен вагон во транспортен воз, профилација е извршена, истрагата е во тек, а мигрантите се сместени во центарот, информираше денеска координаторот на ТЦ Табановце, Горан Стојановски.
Вкупната бројка на мигранти во Табановце е околу 750 мигранти, што според Стојановски, е прифатлива за капацитетот на центарот во насока на обезбедување на храна, облека, обувки,медицинска помош. Според него, состојбата на Табановце е стабилна.
- Мигрантите сфаќаат дека се затворени, но не по вина на Р.Македонија напротив изразуваат задоволство од приемот и прифатот и ангажаманот и грижата околу нив. Очекуваат да бидат пуштени, но тоа е работа на повисоки нивоа, преговори и договори ќе видиме како ќе се одвиваат работите понатаму, изјави Стојановски.
Тој информира дека 138 мигранти од Ирак и Сирија на кои им претходно им биле издадени потврди согласно договорот, синоќа биле вратени од срспка страна, по што мигрантите останале на границата.
- Тие останаа на границата мислејќи дека ќе бидат пропуштени, откако увидовме дека состојбата остана непроменета до два часот по полноќ ги вративме и обезбедивме храна и сместување, изјави Стојановски.
Екипите на Црвениот крст постојано се на терен. Доктор Абдула Сабух од Црвен крст информираше дека последниве денови просечно нудат помош на 150 до 200 лица во една смена. Посериозните случаи се носат во кумановската болница.
- Најчесто се жалат на настинки и стомачни вируси.Повозрасните се жалат на болки во нозе, изјави доктор Сабух.
Денеска, стратуваше со работа и мобилна гинеколошка служба,во амбулантно возило кое е донација на Фондот за население на Обединетите Нации.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
