Општина Центар: Се асфалтираше улицата „Столтенбергова“ пред Градскиот стадион
Општина Центар соопшти дека вчера започнало асфалтирање на улицата „Столтенбергова“ која ги поврзува Градскиот парк, Градскиот стадион и кејот на реката Вардар и која е опфатена во меѓуопштинската соработка со Градот Скопје и Општина Центар.
Асфалтирањето го работи ЈП „Улици и патишта“ и истото се одвива на потегот пред Градскиот стадион каде беше вградена камена коцка односно калдрма, наведуваат оттаму.
Како што стои во соопштението, градоначалникот на Центар Горан Герасимовски посочил дека „со асфалтирањето на овој потег практично се изедначува целиот круг околу градскиот стадион со што се доби целина земајќи го фактот што калдрма имаше единствено на овој потег“.
Со меѓуопштинска соработка со Градот Скопје претходно во август месец беше реконструирана и улицата „Славејко Арсов“ на Водно каде беше поставен нов асфалт и нови рабници, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Лидерите на Кина и Русија разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток
-
Се стопира изградбата на објект во заштитената зона во Старата охридска чаршија
-
Хамнеи: Израел заслужено е казнет
-
Трамвај излета од шините и удри во пицерија во Шведска, повредени седум лица
-
Приведено 43-годишно лице кое возело со 2,06 промили алкохол во крвта
-
Брачен пар прегазен на тротоар во Охрид, жената почина
-
Песков: Ситуацијата на Блискиот Исток е опасна за целиот свет
-
Министерката Јаневска ќе учествува на дводневен самит за образовни технологии во Истанбул