Девојка од Црна Гора го искина и плукна знамето на Србија: Полицијата трага по неа
Црногорската полиција трага по малолетничката Е.С. од Бар, осомничена за сторено кривично дело повреда на угледот на странска држава.
Ова го соопшти шефот на Основното државно обвинителство во Бар, обвинителот Радован Ѓуришиќ, одговарајќи на прашања за малолетничка која на социјалната мрежа ТикТок објави видео на кое се гледа како прво кине, а потоа плука по знамето на Србија.
„Полициската управа, Регионален центар ЈУГ, Одделот за безбедност во Бар го извести Основното државно обвинителство Бар, за видеото на кое се однесува вашето прашање, на кое се гледа како малолетничка го кине и уништува државното знаме на Република Србија. Малолетничката е идентификувана и распишана е потрага, а обвинителот предметното дејствие го оквалификува како кривично дело оштетување на угледот на странска држава или меѓународна организација од чл. 200 став 1 од Кривичниот законик на Црна Гора“, објасни Ѓуришиќ.
Тој истакна дека осомничената малолетничка се уште не дала изјава, бидејќи е во бегство.
Ново на Сител
-
Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг
-
Приведен 18-годишник од Битола, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-
Ѓоковиќ и Мареј ставија крај на соработката
-
Пронајдени над 200 метри кубни бесправно исечено огревно дрво | ФОТО
-
Васил Јованов осуден на 12 години
-
Турција ќе отвори нова фабрика за чипови и соларни ќелии
-
Гејминг индустријата во Србија лани со приходи од 214 милиони евра
-
Забрана за 15.000 аргентински навивачи за влез на стадионите на Светското клупско првенство