Свет
3. September 2023 - 12:00

Седумдесет илјади луѓе заглавени во кал по силен дожд на фестивал во Невада, едно лице почина

Покрената е истрага за смртта на едно лице за време на силен дожд на фестивалот „Burning Man“, кој се одржува во американската сојузна држава Невада. Околностите на смртта се уште не се познати.

Околу 70 илјади луѓе остануваат блокирани на местото на фестивалот, бидејќи дождот го претвори пустинскиот песок во длабока, лизгава кал. Влезните и излезните патишта се затворени затоа што возилата едвај возат по нив.

Познатиот фестивал „Burning Man“ се одржува во пустината Блек Рок, која обично е сува и правлива.

-Канцеларијата на шерифот на округот Першинг во моментов истражува смрт што се случи за време на овој дожд, соопшти денеска канцеларијата на шерифот на округот Першинг, додавајќи дека семејството на лицето е известено.