Уапсените навивачи во Атина ќе одговараат за четири кривични и седум прекршочни дела
За четири кривични и седум прекршочни дела, меѓу кои и за убиство со умисла и за криминална организација, кривично ќе се гонат уапсените 104 лица, од кои над 90 се хрватски државјани, за инцидентите пред стадионот на АЕК во понеделникот вечерта кога беше убиен 29-годишен навивач на атинскиот тим, јави дописничката на МИА од Атина.
Во кривичните дела е вклучено и убиство, дело кое според грчките медиуми во оваа фаза од истрагата не се однесува на конкретно лице од уапсените, бидејќи убиецот сѐ уште не е идентификуван.
Како што пишува грчката новинска агенција АНА-МПА, уапсените се товарат за: криминална организација, убиство со умисла, експлозија и поседување експлозивен материјал што се кривични дела, како и за нарушување на јавниот мир, нанесување опасна телесна повреда, оштетување на туѓ имот, насилство (прекршување на законот за спорт), нелегално поседување оружје и употреба на оружје, што се прекршочни дела.
Според АНА-МПА истрагата продолжува со проверка на одземените мобилни телефони на обвинетите, со анализа на генетскиот материјал и на видео снимките за да се открие сторителот на убиство, додека пак засега не е пронајдено оружјето, веројатно нож, со кое беше убиен 29-годишниот навивач на АЕК.
Уапсените денеска беа изведени пред јавен обвинител и против нив беа покренати конкретните дела, а во текот на денот ќе бидат изнесени и пред истражен судија.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста
-
Баерн го израмни рекордот на Барселона за непобедлива серија на домашен терен во ЛШ
-
Повеќе од 3.000 фалсификувани гитари Gibson запленети во Калифорнија
-
Во Берово утрово најстудено, Крушево најтопло
-
Скопје 4-ти на неславната листа на најзагадени градови во светот
-
Европратениците ќе гласаат за одобрување на новата Европска комисија
-
Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина
-
Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години