Македонија
30. јуни 2023 - 12:30
Нов скејт парк во Струмица
Струмица го доби првиот скејт парт. Паркот е на површина од околу 600 метри квадратни, а неговата реализација чини 6, 5 милиони денари средства обезбедени од општинскиот буџет. На рамна бетонска платформа поставени се 7 спортски реквизити кои ќе овозможат адреналинска забава за сите љубители на овој екстремен спорт. Се работи за проект со кој според градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов потврдува дека е грижлив град за младите.
Скејт паркот нема да биде единствената содржина што општината ја реализира на барање на младите. Според најавите, наскоро ќе започне изградбата на даун хил патеката, а за околу 15 дена треба да започне изградбата и на затворениот базен.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->