Loading Video...
Фудбал
21. јуни 2023 - 19:53
Роналдо влезе во книгата за гинисови рекорди
Нов блесок на ветеранот Кристијано Роналдо на фудбалските терени. Овојпат во дресот на Португалија на која и донесе победа во Рејкјавик во квалификацискиот дуел за ЕП.
Големата ѕвезда на светскиот фудбал беше стрелец на единствениот погодок во самиот финиш од средбата на која постави Гинисов рекорд како прв фудбалер кој одиграл 200 натпревари за една национална селекција.
За овој историски рекорд на Роналдо му беа потребни цели 20 години откако првиот натпревар го одигра во 2003-тата година.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->