Семинар за младински здруженија во Струмица
Потребна е поголема вклученост на младите во сите општествени процеси. Ова е само еден од заклучоците на дводневниот семинар што се одржа во Струмица, а на кој младински организации од цела држава се обучуваа за европска младинска соработка, но и како да пристапат до европските фондови наменети за нив.
На семинарот младите се информираа за работата на Eвропската младинска фондација, но и за можностите што ги имаат преку развивањето на интернационалната соработка.
,, Ние работиме со млади луѓе кои можат да учествуваат во демократските процеси. За да го направат тоа нудиме различни активности, а една од нив е да аплицираат во Европската младинска фондација, која ги поддржува иницијативите на младите луѓе за да развиваат интернационална соработка, локални проекти во демократијата, кои се од голема полза за младите луѓе и исто така да градат по демократско општество,, вели Гордана Берјан, директорка на Европска младинска фондација.
Дополнителен поттик за младите треба да биде и стратегијата за млади чија реализација е во завршна фаза.
Дводневниот семинар беше организиран од страна на Европската младинска фондација во соработка со Агенција за млади и спорт, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Еразмус+), Europe House Strumica и Oпштина Струмица.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар