Мицевски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да гласа за уставни измени под бугарски диктат
Очигледно има какофонија после лидерската и тоа некој намерно го прави. И јас бев дел од прес конференциите на двајцата лидери после лидерската и двајцата констатираа дека нема договор, за потоа да се јават од СДС и ДУИ со неточни и селективни изјави по однос на целата работа, вели Никола Мицевски координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во вклучување во дневникот на Канал 5 телевизија.
Мицевски вели дека СДС и ДУИ лажно ја пренесуваат изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, прашувајќи доколку Мицкоски прифатил уставни измени тогаш зошто точката не ја стават на дневен ред па да виде јавноста како ќе поминат истите.
Би прашал како координатор на најголемата пратеничка група во Собранието, доколку има договор за уставните измени, зошто уште утре не ги внесат па да видат како ќе поминат тие уставни измени, праша Мицевски.
Мицевски уште еднаш го потврди ставот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група дека никој нема да прифати уставни измени под бугарски диктат.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставни измени по бугарски диктат, дециден е тој.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Британија открива мрежи за перење пари кои ја поврзуваат земјата со Русија
-

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 година е развоен, секоја ставка е внимателно проектирана
-

Краделе облека од продавници во Атина и ја препродавале во Тирана – уапсени осум лица
-

Мексиканката Фатима Бош е новата „Мис Универзум“
-

Потпретседателот на САД Венс за Украина: Трговија и културна размена наместо војна
-

Кремљ соопшти дека сè уште не е информиран за подготвеноста на Киев да разговара за мировниот план на Трамп
-

ЦУК: Во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемувања на водостоите на реките
-

Русија ги зголемува даноците за „странските агенти“ кои ја „предале земјата“
