Угостителската струка во Гевгелија доби сопствена сала за практична настава
Учениците од угостителско туристичката струка во Гевгелија практичната настава во иднина ќе ја изведуваат во сопствен објект. За таа намена средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ изгради сала со капацитет за 150 лица. Салата е опремена со сиот неопходен инвентар за еден угостителски објект во неа идните работници во хотелско туристичкиот сектор ќе ги учат и унапредуваат вештините по кулинарство, аранжирање и послужување.
Комплетниот проект кој освен сала има и целосно опремена кујна е изграден со поддршка на општината, односно средства од блок дотациите кои училиштето успало да ги заштеди во изминатите неколку години. Според првиот човек на Гевгелија ставањето во функција на објектот ќе значи бенефит не само за училиштето, туку и за општината.
Во средното училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија во угостителско туристичката струка настава следат околу 160 уленици. Дел од нив се во тригодишно, а дел во четиригодишното образование.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар