Loading Video...
Ракомет
23. May 2023 - 19:54

Службена победа за ракометарите на Бутел

Историска одлука на РФМ која одлучи да ја прифати жалбата на Бутел и да му додели победа на мечот против Пролет откако средбата заврши нерешено со резултат 23-23. 
Со одлуката на натпреварувачката и стручната комисија при ФФМ  мечот се регистрира со резултат 23-22 за ракометарите на Бутел наместо постигнатиот на средбата со Пролет 23-23. 
Противникот постигна гол за нерешен резултат во последната секунда од мечот од седум метри но комисијата утврди нерегуларности при мерењето на времето и запирање на часовникот кога времето морало да тече со што средбата траела 7.5 секунди подолго од регуларниот период. 
Интересно е што и противникот , екипата на Пролет преку соопштение побара победата да му се додели на Бутел. 
 
Останува да се види ќе има ли одговорност за направениот пропуст.