Струмичката болница ја поднови опремата
Струмичката општа болница го заокружи процесот на реконструкција и опремување на одделот за радиo дијагностика. Освен подобрени просторни услови, одделот за прв пат е опремен со дигитален РТГ апарат, дигитален мамограф, а обезбедени се и 2 нови ултразвук апарати за двата кабинети, вклучително и кабинетот за ехо на дојка. Новите апарати треба да обезбедат многу побрза и навремена дијагностика, но и поврзување со повисоките институции за здравствена заштита.
Опремувањето на одделот за радио дијагностика струмичката болница го реализираше со поддршка на министерството за здравство.
Наскоро болницата во Струмица треба да добие и 4Д ултразвук со кој треба да се подигне нивото на здравствена заштита за бремените жени и новороденчињата. Апаратот ќе го донира Јапонската амбасада со кој пред извесен период беше склучен договор. Во струмичката општа болница здравствени услуги добиваат околу 200 000 жители од поширокиот Југоисточен регион.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар