Македонија
14. May 2023 - 16:31

Во Општина Василево ќе се гради нова 5-та индустриска зона

Расте интересот за инвестиции во Василево. За да одговори на барањата на инвеститорите општината најавува  изградба на нова индустриска зона, петта по ред. И оваа како и претходните четири ќе биде наменета за лесна преработувачка  индустрија, но и за угостителската дејност. Од локалната самоуправа на ваков чекор се решиле бидејќи досегашните бројки покажале дека овој проект дава резултати. До сега во постоечките зони активно работат 80 компании со околу 400 вработувања.

Продажбата на не изграденото градежно земјиште освен нови вработувања, за општината значи и забрзан економски развој.

Додека се  подготвува документацијата за новата, паралелно тече и продажбата на парцели од постоечките зони. Две од нив веќе се огласени и во текот на месец мај ќе бидат дадени на јавно наддавање кое за прв пат наместо државата ќе го реализира општината.