Авганистан го пријави првиот случај на полио во 2023 година
Авганистан го пријави својот прв случај на детска парализа во 2023 година, откако четиригодишно дете стана последната жртва на болеста која парализира.
Авганистанското Министерство за здравство соопшти дека случајот е регистриран во областа Бати-Кот во источната провинција Нангархар.
Минатата година во Авганистан беа откриени два случаи на див тип полиовирус.
За претстојната недела е планирана нова кампања за вакцинација против детска парализа, во која повеќе од 6,4 милиони деца ќе бидат вакцинирани против оваа болест, додаваат од Министерството.
Кампањите за вакцинација во Авганистан и Пакистан често наидуваат на тешкотии поради теориите на заговор дека вакцинацијата против детска парализа предизвикува неплодност или дека оние кои вакцинираат се користат како шпиони. Во многу инциденти, медицинските лица кои вакцинираат против детска парализа биле нападнати од екстремисти.
Детската парализа е вирусна болест за која нема лек и може да се спречи само со вакцинација. Може да предизвика парализа и да доведе до смрт.
Ново на Сител
-
НКЕУ-МК ќе одржи сесија за интегритетот и независноста на правосудството како предизвик во реформите за владеење на правото
-
Адвокатите во Србија запираат со работа на еден месец во знак на поддршка за студентите
-
Неформален Самит на ЕУ посветен на одбраната на Европа
-
Северна Кореја го критикува Рубио и порача дека нема да толерира „провокации“ од САД
-
Променливо облачно време со повремен слаб локален дожд
-
„Вратете ѝ ги боите на Фросина“ порачаа илјадници граѓани на масовниот протест
-
Заврши акцијата „Вардар“, приведени десет лица
-
Културните работници и уметниците во Србија најавуваат за утре блокада на Министерството за култура