Во Индија родени четири гепарди кои беа истребени веќе 70 години
Повеќе од 70 години откако гепардите беа официјално прогласени за исчезнати во Индија, земјата сега е дом на четири младенчиња гепарди, изјави тамошниот министер за развој на животната средина, Бупендер Јадав.
Малите гепарди се добиени од две од осумте единки донесени минатиот септември од Намибија во индискиот Национален парк „Куно“ во средишната индиска сојузна држава Мадја Прадеш, како дел од планот да има 50 од оваа раса големи мачки во Индија следните пет години. Јадав на Твитер рече дека овој подмладок е „важен за зачувувањето на дивиот“ свет во Индија.
И премиерот Нарендра Моди го поздрави раѓањето на младенчињата, како „прекрасна вест“.
Минатиот септември, три машки и пет женски единки од овој вид „чита“, беа донесени од Намибија во Индија. Од нив, една угина.
Овие диви мачки можат да се најдат во јужна и источна Африка - Намибија, Боцвана, Кенија и Танзанија. Според податоците на Светскиот фонд за природата, денес има помалку од 7.000 гепарди останати во дивината.
Ново на Сител
-
Париските таксисти се закануваат дека ќе го блокираат пристапот до Ролан Гарос
-
Френки де Јонг би можел да ја напушти Барселона во летниот преоден рок
-
Манчестер сити, Челзи и Њукасл изборија учество во ЛШ на крајот од сезоната во Премиер лигата
-
УХМР: Утре се очекува силен ветер од северен правец
-
Израелската војска соопшти дека ги „интензивира“ активностите во Газа
-
Полковникот Стефан Ивановски и Ана Нешковска од MO загинале во сообраќајката кај „Илинден“
-
Таравари: Вознемиреност со чувство на вина, победата во октомври е многу блиску
-
Фетаи официјално соопшти дека останува дел од „Влен“