МЗТ Скопје го декласира ТФТ и обезбеди финале
Екипата на МЗТ Скопје Аеродром е првиот патник во машкото финале на 30-тото издание на кошаркарскиот Куп на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“.
Во првиот полуфинален меч, кошаркарките на МЗТ Скопје во буквална смисла на зборот му се „одмаздија“ на ТФТ Моцард за минатогодишниот пораз во финалето.
МЗТ победата ја најави уште по првото полувреме кое го доби со 22 поеи разлика (53-31), за во второто само да ја зголемина разликата која на крајот изнесуваше 41 односно конечни 102-61
Најефикасен во победничката екипа беше капитенот Дамјан Стојановски со 18, додека Дамјан Робев постигна 16 поени.
Такаво утрешното финале закажано за 19 часот и 30 минути, актуелниот шампион МЗТ Скопје ќе игра со подобриот од вториот полуфинален меч во кој се среќаваат Феникс и битолски Пелистер.
-
Игор Трпевски
Сите содржини од овој новинар