Две бронзи за македонските каратисти на ЕП во Кипар
На Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сеноири У21, викендот во Ларнака, Кипар, македонските каратисти освоија два бронзени медала.
Во дисциплината У21 кумите -84 и +84 Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ, с еискачија на подиумот.
- Трајковски во првото коло го победи претставникот од Италија, Фиоре Матео со 2:1, во второто коло победа против Португалецот Миранда Хозе со 4:3, во третото коло го победи Хрватот Алексанадр Калабаќ со 4:1 додека во четвртото коло изгуби од Украинецот Максим Бухајов со 1:2. Понатаму во репасажот извојува победа против претставникот од Белгија Данил Анисиво на изјаснување при резултат од 4:4 со што Витомир го освои третото место и бронзениот медал.
Стојановиќ во првото коло го победи претставникот од Грузија, Мераби Гелашвили со 2:0, во второто коло го победи претставникот од Ирска, Ли Шеридан со резулат 2:0, во третото коло извојува победа против претставникот од Чешка со резултат 4:3, и во четвртото коло изгуби од Италијанецот Матео Аванчини со 4:5. Стефан во репасажот се сретна со претставникот од Словачка, Малик Багаев против кого избори трето место и бронзен медал со резултат 4:0, објави Карате федерацијата на Македонија.
На ова првенство настапија 1.114 каратисти од 48 држави.
Ново на Сител
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип
-
Рокас: Судството мора да има средства и буџет за независна работа
-
Гутереш: Украина има легитимна влада
-
Трамп разговарал со претставници на Мјанмар, ветил помош за земјата
-
Рубио: Русија се согласува на прекин на огнот, но поставува услови
-
Уште еден американски осуденик побара смртната казна да биде извршена со стрелање
-
Хамас: Се интензивираат разговорите со посредниците за прекин на огнот во Појасот Газа
-
Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд, ги посети американските војници во базата Питуфик