Кевин Мекарти избран за спикер на претставничкиот дом
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го избра републиканецот Кевин Мекарти за нов спикер по досега невидена ситуација која опфати дури 15 рунди на гласање, иако неговата партија го има мнозинството. Мекарти беше избран по низа отстапки кон групата тврди десничари и драматичниот притисок врз Мет Гец, еден од најголемите бунтовници меѓу Републиканците.
Конгресменот од Флорида беше меѓу шестемина пратеници кои конечно попуштија утрово. Тие не го поддржаа Мекарти за лидер, но и не гласаа за неговиот противкандидат, овозможувајќи му да победи со тесни 216:212 во гласови.
„Татко ми секогаш велеше, не е важно како ќе почнеш, туку како ќе завршиш. Сега почнува тешката работа“, изјави Мекарти, кој најави истраги и судски покани за демократите, меѓу кои и за претседателот Бајден.
Гласањето траеше четири дена, во текот на кои имаше жестоки расправии помеѓу републиканците, што се закани да прерасне во физичка пресметка кога Мајк Роџерс му се пушти Гец, пред да биде смирен од колегите.
„Се надевам дека едно стана јасно по оваа недела: јас никогаш не се откажувам. И нема да се откажам од американскиот народ“, кажа Мекарти откако беше избран за наследник на Ненси Пелоси.
Ново на Сител
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај