Две згради се урнаа во францускиот град Лил, нема информации за жртви
Две соседни згради денеска околу 9 часот и 15 минути се урнаа во францускиот град Лил. Според локалните власти, во инцидентот нема жртви, јави дописникот на МИА од Париз.
Зградите се наоѓаат на централна шопинг улица. Жителите биле евакуирани во текот на ноќта како мерка на претпазливост откако еден од жителите пријавил сомнителни пукнатини.
„Еден млад човек се вратил дома во 3 часот по полноќ и констатирал дека ѕидот на зградата е искривен. Тој ја предупредил општинската полиција и пожарникарите, кои решиле да ја евакуираат зградата, сметајќи дека постои реален ризик“, изјави градоначалничката Мартин Обри.
Таа додаде дека се евакуирани и околните згради.
Според пожарникарите, едно лице се води за исчезнато.
Една од урнатите згради била на три ката и во фаза на реновирање. Кога се урнала, ја повлекла и соседната зграда.
Инцидентот се случил пред дуќаните на шопинг улицата да почнат со работа.
Екипи за истражување се на местото на настанот, а областа е затворена.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Крушево, од недела опаѓање на температурите и снег на планините
-

Нормализиран сообраќајот на патот Македонски Брод - Скопје кај Јасен
-

Осум Албанци уапсени во Белгија под сомнение за атентат врз главниот обвинител во Брисел
-

ЈСП Скопје: Не е вистина дека тригодишно дете и тројца возрасни биле заглавени на жичарата на Водно
-

Одрон на патот Маврово-Дебар кај село Врбјани, сообраќајот по една лента
-

Јужнокорејски ферибот со 267 патници заринка кај островот Џинда
-

Обвинителство: Се бара одговорност по име и презиме за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагдеијата во „Пулс“
-

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026
