Нема договор меѓу кочански „Водовод“ и ЕДС – Скопје за одложено плаќање на долгот за струја
– КЈП „Водовод“ од Кочани и компанијата „Енерџи Деливери Солушнс“ (ЕДС) од Скопје денеска не постигнале заеднички договор за одложено плаќање на долгот за електрична енергија.
Не се остварија очекувањата на менаџерскиот тим на кочанското комунално претпријатие дека добавувачот ЕДС, со кој на крајот на јуни годинава беше потпишан договор за електроснабдување, ќе прифати заостанатите обврски да се плаќаат на рати. Просториите во управната зграда и во другите објекти на работните единици на „Водовод“ и по една недела од исклучувањето од мрежата остануваат без струја.
Раководството на „Водовод“ и понатаму е недостапно за медиумите, а ниту од Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ немаат сознанија кои се причините што не е постигнат договор со снабдувачот, иако две други комунални претпријатија успеале да се договорат.
-Од информациите што ги имаме во АДКОМ, комуналните јавни претпријатија во Куманово и Демир Хисар се договориле долговите да ги плаќаат на рати или нешто слично. Ситуацијата секаде станува алармантна, не знаеме што да очекуваме за понатаму, имавме најави за одредена помош од Владата, но тоа се одолговлекува и се наталожуваат проблемите. И во разговорите со Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и во нашите обраќања до Собранието, со законски измени во Законот за енергетика, бараме да влеземе во делот на мали потрошувачи и домаќинства, затоа што ние продаваме вода, што е основна потреба или работиме на одведување на отпадните води, што е битно за животната средина. Треба да направиме сè што можеме за на крајот граѓаните да не ја сносат целата обврска, истакна Пеце Милевски, претседател на АДКОМ.
Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов информираше дека во локалната самоуправа, која е основач на „Водовод“, имаат пресметка дека долгот на комуналното претпријатие за електрична енергија само за последните три месеци изнесува околу 50 милиони денари.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј
-
Американски доктори бараат хлорокинот и ивермектинот да се купуваат без рецепт
-
Скопјанец баран со меѓународна потерница издадена од Австрија уапсен во Тирана
-
Претреси во Пробиштип и пробиштипско, пронајдена дрога и други предмети
-
Германската полиција заплени дрога со улична вредност од 20 милиони евра