Loading Video...
Ракомет
17. October 2022 - 20:01

Македонија со две победи на чекор до следното ЕП

Македонската ракометна репрезентација одлично ги започна квалификациите за следното ЕП и запиша две убедливи победи против Луксембург и вчера против Турција.  Подмладената селекција ја потврди изјавата на селекторот Кире Лазаров дека во Новата Македонија ќе дуваат нови ветришта. 
За првпат без Кире Лазаров во ростерот но и без искусните  Миркуловски и Стоилов нашите репрезентативци одиграа одлично особено на гостувањето во Турција каде влегоа храбро против  мотивираниот противник кој токму во дуелот со Македонија  очекуваше вртење на нова страница во турскиот ракомет. 
За наша среќа  тимот на Лазаров предводен од  Талески  и Кузмановски перфектно го започна натпреварот и  ја доведе Македонија до убедлива предност од 9-0 што на крајот беше доволно за триумф. 
СО тоа нашата селекцијата се нареди  во друштвото на 14 европски репрезентации кои остварија перфектен старт со максимални 2 победи во квалификацискиот циклус. 
Со овие две победи Македонија направи голем чекор кон пласманот на следното ЕП но важно е и да се освои првото место во групата за  подобар шешир при извлекувањето на групите. 
За тоа ќе решава двомечот со Португалија а првата средба се закажана за март наредната година. 
Македонија пријатно изненади, тоа го потврди и селекторот Лазаров кој навести ваков епилог како резултат на континуитетот и популарноста на ракометот во Македонија како спорт број еден.   Можеби во иднина ќе се вклучиме и во борбата за медалите на големите натпреварувања што сигурно е возможно  доколку клубовите го подобрат својот скаутинг  систем  и ја подигнат работата со младите категории на повисоко ниво.