Владата го усвои Предлог законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани
– Владата на Република Северна Македонија на денешната 91 седница го усвои Предлог законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, предложен од Министерството за труд и социјална политика, соопшти владината прес-служба.
Целта на Предлог-законот е обезбедување финансиска поддршка на најранливите категории на граѓани, во услови на енергетска криза.
Финансиска поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од наредниот месец, од денот на влегувањето во сила на овој закон е предвидено да добијат:
– корисници на право на социјална сигурност на стари лица;
– корисници на посебен додаток;
– корисници на правото на надоместок заради попреченост;
– лица со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост;
– самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.
И за невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок, е предвидена финансиска поддршка по 3.000 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од наредниот месец од денот на влегувањето во сила на овој закон.
За кoрисниците на право на пензија во висина до 14.000 денари е предвидено:
– финансиската поддршка од 1.500 денари, за период од четири месеци, започнувајќи од наредниот месец од денот на влегувањето во сила на овој закон, за корисниците кои оствариле доход по основ на пензија во висина, не поголема од 11.525 денари месечно;
– финансиската поддршка од 750 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од наредниот месец од денот на влегувањето во сила на овој закон, за корисниците кои оствариле доход по основ на пензија во висина од 11.526 денари и не поголема од 14.000 денари месечно.
Финансиската поддршка од 750 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од наредниот месец од денот на влегувањето во сила на овој закон е предвидено да добијат и корисниците на право на надоместок за телесно оштетување.
Со оглед на тоа што не е во прашање сложен и обемен закон, а се однесува на финансиска поддршка на ранливи категории граѓани, се предлага Собранието да расправа по него во скратена постапка. Законот ќе влезе во сила со денот на објавувањето во Службен весник на Република Северна Македонија, стои во соопштението од прес-службата на Владата.
Ново на Сител
-

Русија се надева дека Трамп нема да направи „фатална грешка“ со Венецуела
-

40% од младите на 14 години веќе пушат, четири илјади пушачи годишно умираат во Македонија
-

Естонија соопшти дека руски граничари илегално влегле на нејзина територија
-

Хаос во албанскиот парламент, опозициските пратеници ја блокираа седницата
-

Кривична за 16-годишно момче од Крива Паланка за напад врз малолетник
-

Кумановец измамил две фамилии за 373 890 денари - им ветил летување во Турција
-

Акциска контрола во Тетово: Затекнати шест лица кои вршеле јавен превоз без лиценца
-

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри
