Османи: Димитров да се занимава со историја, а не со политика
– Ангел Димитров не е политичар, туку е историчар им му препорачувам да се занимава со историја, а не со политика, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во одговор на новинарско прашање за коментар на тврдењето на Димитров дека земјава не се однесува како кандидат за членство во ЕУ.
Министерот Османи нагласи дека еден од основните принципи на Договорот со Бугарија е овие две работи да бидат поделени – политиката на политичарите, а историјата на историчарите.
-Ангел Димиров очигледно покажува некоја политичка амбиција, но, уште еднаш да кажам да се концентрира на следниот состанок на историската комисија, да се подготвува, бидејќи има кој да зборува за политиката, рече Османи, по завршувањето на настанот на кој заедно со косовскиот амбасадор засадија 13 дрвја во знак на 13-годишнината од воспоставувањете на дипломатски односи меѓу двете земји.
Ангел Димитров денеска изјавил дека во моментов, Република Северна Македонија не се однесува како кандидат за членство во ЕУ.
-Самото потсетување на ЕУ до РСМ, иако со една фраза: дека мора да го почитуваат Договорот за добрососедство со Бугарија, ширум ја отвора вратата за нашите приговори и барања кон земјата, рекол тој во емисијата „Брисел 1“ на ТВ „Бугарија Он еир“.
Ангел Димитров е копретседавач од бугарскиот дел на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.
Ново на Сител
-
Трамп сака да прогласи вонредна состојба во САД за да ја спроведе својата програма за протерување мигранти
-
Притвор за полициски службеник и уште едно лице за продажба на кокаин
-
Крвава расправија на ученици во Тирана, еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
-
Двајца маскирани крадци упаднале во замокот „Виндзор“ - домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
-
Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните
-
Пласидо Доминго во Скопје
-
Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
-
Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години