Форумот на жени на СПМ смета дека избори на 24. април се единствен излез од кризата
Изборите на 24 април се единствениот излез од политичката и економска криза. Форумот на жени на Социјалистичката партија се подготвува за избори. Само со програма, идеи и проекти може да се добие поддршката од граѓаните, велат од СПМ. На годишниот форум, жените одлучуваат како ќе делуваат во општинските огранизации.
- Услови за одржување на избори има, тоа што опозицијата сака да прикаже не е реална слика...мора да се почитуваат законите и то што сите парламентарци го изгласаа во собрание, договорот од пржино....
Надворешната политика е една од приоритетните точки во прогамата на Социјалистичката Партија. Пртеседателката на форумот на жени смета дека смената на власта може во прашање да го доведе името на државата.
- Со смена на власта ќе се смени и политиката за името, ние не смееме да се откажеме до тоа...
Жените во СПМ се задоволни од нивната вклученоста во политиката. Сметаат дека половата рамноправност од година в година е на се позадоволнително ниво.
-
Весна Ќуксановиќ
Сите содржини од овој новинар