Гутереш бара воспоставување демилитизирана зона околу нуклеарката Запорожје
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш апелираше до Украина и Русија да договорат демилитаризирана зона околу нуклеарната централа Запорожје во Украина, која е под контрола на руските сили.
– Како прв чекор, руските и украинските сили треба да се обврзат да не се впуштаат во воени активности во близина на оваа локација, рече Гутереш на синоќешната седница на Советот за безбедност на ОН. – Како втор чекор треба да се дефинира демилитаризирана зона, побара првиот човек на Светската организација.
– Ова особено се однесува на обврската руските сили целосно да се повлечат од таа зона, како и на обврската украинската страна да не влегува во таа област, рече Гутереш. Меѓународната агенција за атомска енергија претходно објави дека е неопходно да се воспостави безбедносна зона околу нуклеарната централа, истакнувајќи дека нивните експерти констатирале голема штета на нуклеарната централа.
Ново на Сител
-
Прегазена 72-годишна жена во Прилеп
-
Божиќно послание на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан
-
Му дала 18.500 евра за да и ја направи куќата, останала и без пари и без куќа
-
Авион кружи над Скопје и не може да слета поради густа магла
-
174 ученици отпишани во првото полугодие во Куманово, минатата година се отпишале 131
-
Без вода дел од корисниците на бул. „Видое Смилевски-Бато“ во Аеродром
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
-
Со возилото кое излета во Вардар управувала една од починатите жени